Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија

Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија

Исламистички групации и провладините сили постигнаа договор за 48-часовен прекин на огнот во неколку градови во северозападниот дел на Сирија и на границата со Либан, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, прекинот на огнот во градот Забадани, последен бастион на бунтовниците на границата на Сирија со Либан ќе почне во шест часот по локално време (три часот според Гринич).

Прекинот на огнот на два дена ќе има и во Фуа и Кафраја, два шиитски града во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, последните во регионот кои се во рацете на режимот.

Спогодбата за прекин на огнот на 48 часа беше постигната меѓу борците на влијателната исламистичка групација Ахрар ал Шам и локалните бунтовници од една страна и борците од Хезболах од друга. Ахрар ал Шам е сојузник на групацијата Џебхад ал Нусра, која е поврзана со Ал Каеда.

Турција и САД се договорија за зона за безбедност во северна Сирија

Турција и САД се договорија за зона за безбедност во северна Сирија
Турција и САД се договорија за зона за безбедност во северна Сирија

Турција и САД се договорија за условите за создавање на таканаречена „зона за безбедност“ во северна Сирија, објави МИА.

Зоната ќе биде обезбедувана од борци на бунтовничката „Слободна сириска армија“ и на американските и турските сили ќе им дозволува да изведуваат напади врз џихадистите од Исламска држава или врз курдските екстремисти, доколку навлезат во зоната, изјавил турскиот заменик министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу.

Според дипломатот, цитиран од ТАСС, вооружените сили на Турција и САД ќе ја гарантираат заштитата на зоната за безбедност.

Имаме заедничко разбирање со САД за прашањето за создавање на зоната. Во неа ќе се наоѓа арапско население и Туркмени ( локален турски етнос кој живее во Сирија). Сите тие ќе бидат под заштита на военовоздухопловните сили во случај на напади од ИД, од курдската Партија за демократско единство или од силите на режимот на Асад, изјавил Синирлиоглу.

Тој додал дека доколку силите на ИД или Курдите се обидат да навлезат во зоната, веднаш ќе бидат неутрализирани од вооружените сили на Турција и САД.

 

Поврзани вести:

Џихадистите киднапираа десетици христијански семејства во Сирија