Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на силниот турнир во Хехинген

Македонката избори пласман во четвртфиналето откако успеа да ја совлада Французинката Фиона Феро, која е 276-та на ВТА листата. Ѓорческа го доби првиот сет со 6:4, додека во вториот се намачи повеќе, но успеа да го добие во тај-брејк, со 7:4.

Во следното коло нашата тенисерка најверојатно ќе игра против познатата швајцарска тенисерка, Ромина Опранди.

Таа е 150-та на светот, своевремено беше и на 32-та позиција ВТА-листата и со сигурност би била најдобрата тенисерка со која Ѓорческа некогаш се соочила.

Турнирот во Хехинген има вредност од 25.000 долари.