Циц на Могрен „учи“ демократија (ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО)

Циц на Могрен „учи“ демократија
Циц на Могрен „учи“ демократија

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски-Циц, летово ужива во Будва, на една од најпрестижните плажи на Јужниот Јадран, Могрен, во близина на Стариот Град. Будва годинава важи за една од најскапите туристички места во регионов.

Фотографиите до кои ексклузивно дојде редакцијата на „Нетпрес“, се сликани денеска, токму на оваа плажа. Од нив може да се забележи како Циц ужива во едно кафуле на плажа и пие виски, додека другите што се во негово друштво, се поскромни, и пијат пиво.

 

Циц ужива во едно кафуле на плажа и пие виски, додека другите што се во негово друштво, се поскромни, и пијат пиво.
Циц ужива во едно кафуле на плажа и пие виски, додека другите што се во негово друштво, се поскромни, и пијат пиво.

Додека опозициските функционери, од една страна постојано ја замајуваат  јавноста за наводната диктатура на оваа власт, и декларативно се заложуваат за некоја револуција со која ќе се ослободел македонскиот граѓанин, всушност, тоа што реално го мислат и го прават покажува една  сосема друга слика.

Планови за слобода и демократија всушност кројат под сенка од  скапи и ексклузивни туристички дестинации, плаќајќи енормни суми за луксузни сместувања и „релаксација“ по тамошните кафулиња и и ресторани.

За илустрација, годинава во Будва, освен високите цени за паркинг, кој што се наплатува по две евра за еден час, изнајмувањето на лежалки на плажите достигнува и до 25 евра, а цените на пијалоците во рестораните се високи како никогаш до сега.

cic1

 

cic2

 

„Република“ објави фотографии од заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, како ужива на плажа во Сивота, а е сместена  во ексклузивна приватна вила на самиот брег на Јонското море.