Сервисите за миење возила „Бисер“ и „Ново Маало“ се наоѓаат една до друга, на растојание од десет метри со локација кај паркингот Холдеј Ин.
Мојата перална е изградена во 2000 година, а другата пет или шест години подоцна, ја започнува својата приказна скопјанецот Љупчо Здравковиќ, кој по долги години работа остана без својот единствен извор на егзистенција во своето семејство, пишува „Think.mk“.
Општината Центар спроведува двојни аршини и така ја сруши мојата перална додека другата ја остави да работи и да се шири. Сето ова се случува затоа што сестрата на сопственикот на пералната „Ново Маало“ е советничка во општина Центар преку НСДП. Пералната „Ново Маало“ има узурпирано општествено земјиште од приближно 500 м2 кое го направи како паркинг за перени и неперени возила за кое нема никаква согласност, пишува скопјанецот.
Градоначалникот на општината, Андреј Жерновски на ова воопшто не реагира а причините се јасни- СЕСТРА СОВЕТНИК.
Сакам да напоменам дека за волја на висината двете перални добија известување пред една година, но откако се јавив со бараната документација (која ја имам комплетирано) истата се стопира и јас работев непречено од тогаш веќе скоро една година.
Ненадејно, без да добијам никакво решение и без предупредување на 06.07.2015 година дојдоа со полиција и екипа за рушење и мојата перална беше експресно срушена. На мое и барање на мојот адвокат да ми дадат решение за рушење, тие нè игнорираа, а и полицијата од која барав решение за асистенција.
Бев во општина Центар да побарам документи врз база на кои мојата перална беше срушена, но тие потценувачки ми дадоа ФОТОКОПИИ од две решенија од 09.10.2014 година кои јас воопшто ги немав добиено а ниту пак видено.
При денешната посета во општина Центар, барајќи одговори, на излегување во ходникот главниот инспектор ми мавташе со рака бркајќи ме од општината и кога нагласив дека ХАУСМАЈСТОРОТ ми го сруши дуќанот, истиот ме навреди со пцовки и се обиде физички да се пресмета со мене, но беше спречен од вработените во општината.
Се срамам што сум член на СДСМ

Се прашувам кои се интересите на градоначалникот Жерновски со сестрата на сопственикот на пералната „Ново Маало“, советничка во општината Центар од редовите на НСДП и главниот инспектор (хаусмајсторот)?
За едно сум сигурен, а тоа е мене да ме рушат, а братот да РАБОТИ и да се ШИРИ. Можеби има и други зделки за кои сум наслушнал во општината како уцена за глас на седница, но за истите не сум сигурен и не сакам да тврдам.
Како граѓанин на оваа држава, но и ДОЛГОГОДИШЕН ЧЛЕН на СДСМ крајно сум револтиран од недостојната постапка на администрацијата во општината. СЕ СРАМАМ.
Барам да се вклучи истражувачкото новинарство и да ги провери релациите во општината , а државата да превземе мерки против општинската администрација како и против пералната „Ново Маало“, чиј сопственик е иницијатор за рушењето на мојата перална и јас останав на 61 година без никаква егзистенција.
Барам да се спроведат истите закони како против мене, така и против пералната „Ново Маало“, заклучува скопјанецор Здравковиќ, пишува скопјанецот.