![pozar-kuka-640x396](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/pozar-kuka-640x396.jpg?resize=640%2C396&ssl=1)
Куќа изгоре во Радовиш. Пожарникар е тешко повреден во пожарот што избувна вчера попладне во куќа на улицата „Партизанска“. Целосно изгорел вториот кат и кровната конструкција на куќа во Радовиш.
При гаснењето на пожарот, пожарникар е тешко повреден. Тој се здобил со скршеници на ногата, првично бил хоспитализиран во Клиничка болница-Штип, а поради сериозноста на повредите е испратен на Клиниките во Скопје.
![Куќа изгоре во Радовиш](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/kukja-pozar-radovish.jpg?resize=640%2C360)
Се запалил компјутерот, а потоа била зафатена и завесата
Командирот на ТППЕ – Радовиш, Ѓеро Коцев изјавил дека пожарот во 13 часот и 50 минути бил пријавен од страна на соседите, а сопственикот на куќата не бил дома.
Во гаснењето на пожарот учествуваме девет пожарникари со три противпожарни возила, пламените јазици брзо се ширеа, бидејќи куќата е изградена од трска. Според увидот, кој е направен пожарот настанал најверојатно од компјутерот, а потоа се проширил на завесата и на останатат покуќнина, вели Коцев.
Како што посочи Коцев, при интервенцијата, пожарникарите успеале да ја спасат и соседната куќа, чија кровна конструкција била на само неколку метри од опожарената куќа.