
Солидна и интересна дискусија, е оценката на белгискиот експерт Питер Ван Хоутен за вчерашната средба на работната група од претставниците на четирите најголеми партии на која се разговараше за специјалниот обвинител како една од клучните точки на договорот од Пржино, објави МИА.
Денеска не можам да дадам никаков коментар, имаше многу солидна и интересна дискусија, но, не можам ништо да коментирам, извинете заради тоа, рече Ван Хојт.
По речиси двочасовниот состанок и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА исто така заминаа без да соопштат детали.
За во петок предвидено е партиите да започнат конкретни разговори во однос на законската рамка, како и за изборот, функционирањето и надлежностите на Специјалниот обвинител.
Опозицијата се залага за нов закон, тим од соработници и посебен судски оддел, како гаранција за целосната независност на Специјалниот обвинител, а владејачките партии, пак, се на став дека е доволно да се формира специјално одделение за ваков вид криминал во согласност со постојната законска регулатива.
Според договорот од Пржино, Специјалниот обвинител треба да биде избран најдоцна до 15 септември, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието. Тој ќе има надлежност да ги истражи случаите „Прислушување“ и „Пуч“.
„Вечер“: Листата на желби на СДСМ се проширува

Претставниците на четирите најголеми политички партии вечерва ги продолжуваат празговорите за изборот, функционирањето и надлежностите на Специјалниот јавен обвинител. Дијалогот го олеснува Џејмс Хамилтон, поранешен ирски обвинител, европски експерт во борбата со корупцијата и соработник во подготовката на извештајот на Прибе.
Според досегашниот тек на преговорите, се поизвесно е дека специјалниот јавен обвинител ќе биде најголемиот камен на сопнување меѓу партиите и дека опозицијата уште еднаш ќе направи обид да постави нови барања, и да го пролонгира рокот за избор на специјалниот обвинител. Ова е уште еден доказ дека СДСМкако и претходно, ќе се обиде да го избегне она на што веќе ставиле потпис, и ќе работи на тоа да ги уништи разговорите. Откако не ги испочитуваа договорените работи од 2 јуни (на кои сведоци беа и странците), нивниот лидер Зоран Заев, познат по дебело криминално досие и желба за доаѓање на власт без избори, стави потпис на Договорот од Пржино, поточно договореното на 15 јули, и продолжи да го бара невозможното, пишува „Вечер“