Тетовчанката Нина Диму (52) синоќа била згрижена во Клиничката болница во Тетово. Директорот на Болницата Флорим Бесими рече дека пациентката веќе е контактибилна и прима соодветна терапија.
Тој тврди дека и претходно Диму била лекувана во тетовската болница а во својот дом без да биде хоспитализирана била вратено од страна на Тетовската брза помош на што реагираа нејзините соседи.
Во текот на утрешниот ден Диму ќе биде сместена во ЈУ Геронтолошки завод “13 НОЕМВРИ“- “МАЈКА ТЕРЕЗА“, при што трошоците за сместување ќе бидат сносени од Министерството за труд и социјална политика.