Грција и’ врати долг на ЕЦБ од 3,4 милијарди евра

Грчките кредитори со нов предлог за пензиите
Грчките кредитори со нов предлог за пензиите

Грција денеска и врати 3,4 милијарди евра долг на Европската централна банка, откако Европскиот механизам за стабилност денеска и префрли на земјата дел од првата рата од новата програма за спас, во вредност од 13 милијарди евра.

Сумата вклучува 3,2 милијарди евра главница и 200 милиони евра камати, како и 7,16 милијарди евра за подмирување на преоден заем кој кредиторите и го дадоа на Атина минатиот месец со цел Грција да го изврши првото плаќање кон ЕЦБ и одложено плаќање кон ММФ.

Министрите за финансии од верозоната вчера одобрија транша од 23 милијарди евра од третата програма за помош. Останатите 10 милијарди од правата транша ќе бидат префрлени на посебна сметка за рекапитализација на грчките банки. Други три милијарди од првата транша во вкупна вредност од 26 милијарди евра ќе бидат доделени до октомври, во зависност од напредокот во исполнувањето обврски од страна на Атина.

ЕСМ и ја префрли на Грција првата транша од 13 милијарди евра

ЕСМ и ја префрли на Грција првата транша од 13 милијарди евра
ЕСМ и ја префрли на Грција првата транша од 13 милијарди евра

Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) и ја префрли на Грција првата транша од 13 милијарди евра од меѓународната финансиска помош, соопшти прес-службата на Фондот.

Уште десет милијарди од првата транша ќе бидат исплатени на одделна сметка за рекапитализација на грчките банки. Други три милијарди од првата транша со вкупна вредност од 26 милијарди евра ќе бидат одделени до октомври.

Атина го подмири долгот од 3,4 милијарди евра кон Европската централна банка (ЕЦБ), чиј датум за подмирување истекуваше денеска, соопшти извор близок до грчката Влада.

 

Прочитајте повеќе: 

Ципрас поднесува оставка. Претседателот на Грција ќе распише предвремени парламентарни избори во септември, или на 13 или на 20 септември..