Вооружен напад врз две телевизиски куќи во либискиот град Бенгази

Вооружени групи извршиле напад врз зградите на приватните телевизии „Либија ал Ахрар“ и „Либија Ула“ во Бенгази, предизвикувајќи голема материјална штета, соопштија безбедносните сили и претставници на медиумите.

Вооружени мажи фрлиле Молотов коктел врз зградата на „Либија ал Ахрар“, запалиле репортажно возило и отвориле оган врз седиштето на телевизијата.

Првиот либиски министер за информации, по смената на режимот на Моамер Гадафи, како и актуелен претседател на Управниот одбор на „Либија ал Ахрар“, Махмуд Шамам изјави дека во нападот нема загинати, ниту повредени медиумски работници.

Претставник на безбедносните сили истакна дека и седиштето на телевизијата „Либија Ула“ било цел на вандалски напад, извршен од вооружени групи.