По багателни цени Русите масовно ги продаваат имотите во Црна Гора. Руските државјани становите и вилите ги купувале по цена од 3.000 до 8.000 евра, а сега ги продаваат и по цена од 1.600 евра за квадратен метар.
Будва, црногорската туристичка мека, повеќе не е она што била во 2007-мата година. Русите масовно го продаваат својот недвижен имот, а крајбрежјето во Будва повеќе не е рај за радителите. Во претходните години сопствениците на сгенции имаа полни раце работа, и тоа во главно со руските инвеститори, за кои цената не беше проблем. Иако и оваа година општината Будва издаде поголем број дозволи за градење, прашањето е кому, по цена од 1.600 евра за квадрат ќе му ги продаваат новоизградените објекти.
Заборавив кога последен пат дојде некој со, да речеме, 100. 000 евра, за да купи недвижен имот, вели Душан Ранковиќ, сопственик на агенција за продажба на недвижности, за „Вечерње новости“, пренесува „Дневни аваз“.
Русите масовно ги продаваат имотите во Црна Гора – причина високите даноци
Раскошни куќи со базени, со површина од 250 до 300 квадрати се нудат по цена од 200 илјади до 300 илјади евра. Но, данокот на недвижен имот е една од причините зошто опаѓа продажбата на недвижности во Црна Гора. Како причина за падот на продажбата се наведуваат и економската криза и нереално високите цени на недвижностите, како и големиот број на новоизградени објекти.
Неодамна ми се пожали еден Русин, кој поседва 7 станови дека ги продава сите. Ги купил по цена од 3.500 евра за квадрат, а сега ги продава за 1.600. Му се собрале 25 илјади евра данок, па одлучил сите да ги продаде, вели еден жител на Будва.
Станови има многу, а заинтересирани купувачи малку. Во агенциите што се занимаваат со купо-продажба на недвижности истакнуваат дека економската криза е една од главните причини за слабата продажба. Исто така, инвеститорите бегаат и од нереално високите цени кои што беа актуелни во периодот пред две до три години.
Сепак, поединци и понатаму тврдоглавно се држат до цените што нема кој да ги плати, а уште поинтересно и понатаму градат.