Човекот што ги уби двајцата новинари се застрелал

Човекот што ги уби двајцата новинари се застрелал, но во моментов е во болница и се бори за живот. Полицијата го пронајде вооружениот маж осомничен за убиството на двајцата новинари во американската сојузна држава Вирџија.

Осомничениот за убиството на новинарката и снимателот во моментов е во болница со тешки телесни повреди, откако претходно се застрелал самиот неколку часа по инцидентот, пишува британски „Гардијан“ повикувајќи се на информации од полицијата во Вирџинија.

Алисон Паркер и Aдам Ворд, новинарка и снимател на телевизија WDBJ-TV, денеска беа застрелани додека известуваа во живо од местото Монет
Алисон Паркер и Aдам Ворд, новинарка и снимател на телевизија WDBJ-TV, денеска беа застрелани додека известуваа во живо од местото Монет

Осомничениот, за кого се верува дека  ги уби двајцата новинари е идентификуван како Вестер Ли Фланаган, на возраст од 41 година, кој до пред извесно време работел како репортер во истата телевизија како и жртвите, односно WDBJ-TV, разгранок на „Си-Би-Ес“ каде известувал под името Брајс Вилијамс.

Додека бегал излетал со возилото, полицијата го нашла со прострелна рана

Фланаган е осомничен за убиството на колеги, 24-годишната Алисон Паркер и 27-годишниот Адам Ворд, новинарка и снимател на телевизија WDBJ-TV
Фланаган е осомничен за убиството на колеги, 24-годишната Алисон Паркер и 27-годишниот Адам Ворд, новинарка и снимател на телевизија WDBJ-TV

Фланаган со возилото со кое се обидувал да и побегне на полициската потера излетал од автопат и по кратко време бил најден од полицијата со рана од огнено оружје. Тој веднаш бил префрлен во најблиската болница со тешки повреди и во критична состојба.

Инаку Фланаган е осомничен за убиството на 24-годишната Алисон Паркер и 27-годишниот Адам Ворд, новинарка и снимател на телевизија WDBJ-TV, кои денеска беа застрелани додека известуваа во живо од местото Монет, во округот Бедфорд во државата Вирџинија.

Неколку часа по убиството, на твитер-профилот под името Брајс Вилијамс, беа објавени две видеа од пукањето, снимени од перспектива на напаѓачот.

Полицијата сеуште ги истражува мотивите за убиството.