
Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, утре по повод големиот христијански празник „Голема Богородица“, ќе ја реализираат традиционалната 13-та крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи во Домот на АРМ од 9 до 15 часот.
Карактеристично за оваа крводарителска акција е што секоја го надминува сопствениот рекорд на дарувани единици крв.
Мината година на акцијата се одѕваа повеќе од 300 граѓани, од кои 286 даруваа крв.