Изгаснат е пожарот на велешката депонија, соопшти вечерва општинската Противпожарна единица, јави МИА.
На гаснењето на пожарот со затрупување со песок работеле повеќе механизирани екипи со булдожери кои ги ангажирала Општина Велес.
Инаку, пожарот избувна во вторникот некаде окоу 17 часот, а како што порано изјави градоначалникот Славчо Чадиев, го предизвикале земјоделци во околината на депонијата кои ги палеле своите стрништа.
Поради големото количество на пластика, хартија, текстил и секаков друг смет пожарникарите велат дека гаснењето се одвивало многу тешко.
Густиот час кој два дена се издигнуваше од депонијата предизвика проблеми со дишењето кај голем дел велешани кои живеат во непосредна близина на градската депонија, но и во целиот град, бидејќи чадот брзо се ширеше кон градот.