Трагичен епилог на скандалот со нехуманиот третман на коњ од страна на сопственикот, кој го оставил животното во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” изгладнет и изнемоштен. Според информацијата која ја добивме, коњoт е мртoв, врзaн зa нoзе во шкoлскиoт двoр нa училиштето. Вo мoментoв на местото на настанот има полиција.
Иако, по реакцијата на јавноста згрозена од случката и фотографиите кои експресно се појавија на социјалните мрежи, полицијата денеска го предупреди сопственикот на коњот да го изнесе од училишниот двор животното, судбината на коњот, сепак ја реши немилосрдноста на стопанот.
Дали и овојпат, одговорноста за убиството ќе остане да лебди во воздух, и сторителот ќе продолжи со своето гротескно и психопатско хоби, останува да видиме. И конечно, ќе одговара ли кривично сторителот за измачување на животно?