Исчезна синот на Том Хенкс

Славниот холивудски актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон ги проживуваат најтешките денови. Имено, нивниот проблематичен 25-годишен син Чет исчезнал.

Извор за магазинот „Стар“ изјавил дека Чет веќе еден месец никому не се јавил, ниту со еден телефонски повик на своите родители.

Семејството настојува се да задржи во тајност, но познато е дека полицијата го следи мобилниот телефон на Чет. Наводно, момчето се наоѓа во Барстоу, град кој е познат како „престолнина на метамфетамин во Калифорнија“.

Минатата година Чет најави дека заминува на одвикнување од кокаин, но не е познато колку одвикнувањето вродило со плод. Случувањата во последниот месец дефинитино не будат надеж.

Том Хенкс со сопругата и синот
Том Хенкс со сопругата и синот