
Турнирот во мал фудбал „Ѓорче -куп 2015“ ќе започне во среда, на 2 септември, на повеќенамеското игралиште пред надвозникот во општина Ѓорче Петров.
Заинтересираните екипи може да се пријават до утре, на телефонот: 071 200 138 .
Наградниот фонд е примамлив. За првпат на едeн турнир во мал фудбал ќе биде наградена и четврто пласираната екипа. Победниците на турнирот ќе добијат 120 илјади денари, второто место носи 60.000 денари третото 30.000 денари. Прв пат и за четвртопласираниот ќе има награда од 10.000 денари.
До сега се пријавени 32 екипи.