
За крај на одбележување на сезонските попусти и за успешни нови почетоци овој викенд ги покануваме сите да дојдат на шопинг со одлични попусти до -70% во Капитол мол. За поголемо уживање во шопингот повторно подготвивме интересна програма за сите.

Семејно оријентиран и уникатен во пристапот, Капитол мол повторно одлучи пријатно да ги изненади своите потрошувачи. За таа цел заедно со своите партнери во трговскиот креираше одлични попусти и сет на активности, концерти, игри, подароци,работилнци и многу забава во текот на овие три дена.
Во петок на 4 септември започнуваме со концерт во живо на Давид Темелков од Х Фактор. По успешни три концерти во Хрватска со Тони Цетински и учество на неколку музички фестивали, на огромно задоволство на сите посетители на Капитол мол, со Давид Темелков во живо ќе ги пееме познатите хитови и премиерно ќе слушнеме две нови песни. Концерот почнува во 19 часот на 1 кат во Капитол мол.
Во сабота на 5 септември децата ќе можат да ја проследат интерактивната театарска претстава: ПОГОТВЕНИ СМЕ! – каде низ игра и смеа ќе можат да се запознаат со своите идни професии. Почетокот на претставата е од 12 часот на 1 кат и за сите дечиња следува слатко изненадување.
Во недела на 6 септември повторно се дружиме со дечињата и тоа во прекрасниот амбиент на игротеката Кидс Парк каде ги очекува работилница: Математика лесна како песна. Работилницата е со почеток од 12 часот и сите посетители на игротеката ќе може да присуствуваат.
Со својот пријатен амбиент, Капитол Мол симболизираквалитетво трговијата на малои станазборно место за локалното население, но и за сите кои го посетуваат. Вклучувајќи ги сите содржини кои им се неопходни на потрошувачите, Капитол Мол им обезбедува најдобродоживување, најдобар шопинг и најмногу изненадувања. Капитол мол и натаму ќе продолжи да ги наградува своите потрошувачи и да ги ослушнува нивните потребите, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.