
Мошне често мажите се будат со ерекција, а најмногу сакаат секс наутро. Според научниците тоа е така токму поради хормоните.
Во пет часот наутро нивото на тестостерон кај мажите е поголемо од 25 до 50 отсто отколку во било кој друг дел од денот. Тоа се случува, зтоа што хипофизата, која го регулира производството на половиот хормон кај мажите, најмногу работи во текот на ноќта.

Со други зборови, ако мажите се будат со ерекција, тоа не значи дека имале еротски сништа, туку за тоа е виновна хипофизата која само ја врши својата функција.
Од друга страна пак, истражувањата покажале дека маѓите имаат повеќе тестостерон ако пократко спијат, односно колку повеќе спијат, толку пивеќе нивот на хормонот се намалува.
И додека машките хормони се на највисоко ниво наутро, женските се на најниско. Нивото на женски полови хормони паѓа и расте во зависност од менструалниот циклус, а највисоко ќе биде во последниот дел од денот, односно навечер.