Продолжуваат протестите низ цела БиХ

Во Федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ)  денеска продолжуваат протестите, кои започнаа во Тузла, а во знак на солидарност со граѓаните на Тузла, за денеска во Бањалука се најавени симболични протестни прошетки.

Организаторите на овие настани планираат на овој начин да покажат солидарност кон своите сограѓани од Тузла, на чии легитимни барања, како што се наведува, властите одговориле со употреба на полициска сила.

Со протестната прошетка сакаат да потсетат на сите обезправени работници и уништени економски гиганти во Бањалука.

По судирите на полицијата и демонстрантите во Тузла, ситуацијата од доцна синоќа е мирна, а демонстрациите се завршени. Во еден момент полицијата со солзавец ги растерала демонстрантите насобрани пред зградата на владата на кантоната Тузла.

Првиот кат од зградата е уништен, а демонстрантите ограбувале повеќе продавнции.

Во службата на Итната помош во Тузла примени се 102 тешко повредени полицајци и 28 граѓани со полесни повреди предизвикани од солзавецот.

Протестите започнаа во Тузла поради незадоволството на работниците на пропаднатите приватизирани фирми, младите невработени лица и членовите на организациите на борци.