

Ријана повторно се најде на мета на ПЕТА. Организацијата очигледно нема намера да и прости на Ријана за нејзината љубов кон крзното. Неколку активисти на организацијата и упатија непријата порака, додека познатата пејачка го промовираше нејзиниот нов парфем РиРи.
ПЕТА ја нападна Ријана јавно уште во 2012-тата година поради тоа што носеше чизми од змиска кожа. Активистите што се борат против употребата на вистинското животинско крзно и кожа, овој пат, во продавницата Мејсис каде Ријана го промовираше својот нов парфем, фрлија сенка на целиот настан.
Работниците биле присилени на сила да ги избркаат активистите кои цело време скандирале и држеле во рака написи со порака „Кој мораше да умре за твојот капут?“, а некои едноставно викале „Срам да ти е Ријана!“.
Како изгледаше настанот погледнете во приложеното видео!