Почина затвореник во Идризово

Затвореник кој излежувал казна за педофилија изутринава починал во затворот во Идризово, јавува Телма.

Според првичните сознанија сегапочинатиот затвореник бил на возраст од 24 години. Тој бил пронајден утрово по што веднаш била повикана лекарска помош.

Информацијата за починатиот затвореник ја потврдил и директорот на затворот Живко Пејковски.

Тој вели дека затвореникот престојувал 4 месеци во затворот, бил нарко зависник и до неодамна се лекувал со метадонска терапија. Причините за смртта вели дека сеуште не се утврдени и затоа телото ќе биде предадено на обдукција.

Повеќе детали за случајот најави за подоцна.