Хрватскиот селектор предупредува: Македонија е опасна

Хрватскиот селектор предупредува: Македонија е опасна
Хрватскиот селектор предупредува: Македонија е опасна

Селекторот на хрватската кошаркарска репрезентација Велимир Перасовиќ со свој коментар пред вечерашниот натпревар од ФИБА Евробаскет 2015 помеѓу Хрватска и Македонија којшто се игра во Загреб.

Играме против доста цврста екипа, која игра трпеливо и дисциплинирано во нападот и се добри во одбраната, ако не го прекршиме на време натпреварот може да биде опасно, вели Перасовиќ.

Двете репрезентации имаат половичен учинок по првите две кола, и двете загубија од Грција, а имаат по една победа, Македонија против Холандија, Хрватска против Словенија.

Тоа е екипа што знае да игра кошарка, играат долги поени и во контранападите шутира тројки. Тоа се карактеристики на екипа што може брзо да направи пресврт и против нив мора да бидеме дисциплинирани и одлучни, вели Хрватот.

Хрватска после поразот од Грција се наоѓа во ситуација во којашто мора да победи со оглед на нивните високи амбиции, додека Македонија од позиција на аутсајдер ќе влезе во натпреварот со ладни глави.

Натпревар помеѓу Хрватска и Македонија се игра во „Арена“ во Загреб од 21:00 часот