Делегација на Градот Скопје положи цвеќиња пред споменикот на „Паднати херои за Македонија“

Делегација на Градот Скопје положи цвеќиња пред споменикот на „Паднати херои за Македонија“
Делегација на Градот Скопје положи цвеќиња пред споменикот на „Паднати херои за Македонија“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, во чест на големиот македонски државен празник 8.Септември, положија цвеќиња пред споменикот „Паднати херои за Македонија“, во паркот „Жена борец“.

Пред споменикот „Паднати херои за Македонија“ цвеќе положија и делегации на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, кабинетот на Претседателот на Република Македонија, делегации од политички партии, општини, странски претставништва и граѓански здруженија.

koce-trajnovski-2