
Граничната полиција четири нови случаи на оштетени возила на македонски државјани во Грција.
Случаите на оштетени возила била пријавени на граничниот премин Богородица во периодот оф од 28.август до 8. септември.
Во првиот случај станува збор за автомобил марка „Шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето З.И. во местото Сарти, со црн и црвен спреј му била обоена шофершајбната и двете регистарски таблички.
Вториот случај, на автомобил „Форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето Д.С. во местото Паралија, со црн спреј му биле испрскани регистарските таблици во делот на ознаката МК како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што е прекриена ознаката МК.
„Цитроен Ц4“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лицето Г.С. во местото Калитеа, со остар предмет му биле изгребани двете страни од преден до заден фар и бил оштетен знакот МК на задната страна и „Пасат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од З.З. во местото Ставрос, на хаубата со остар предмет му било изгравирано „МК=GR“.
Освен оштетувањето на Цитроенот во Калитеа, како што информира МВР, останатите случаи не биле пријавени во грчката полиција.
Со овие четири нови случаи, билансот на оштетени возила на македонски државјани кои летувале во Грција се искачи на 10, а евидентиран е и еден случај на кражба на регистарски ознаки.