Променливо облачно време со повремен дожд позастапен во јужните и источните делови не очекува денес. Ќе дува и слаб променлив ветер на југот со услови за појава на ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 17, а дневната од 18 до 26 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за појава на слаб повремен дожд и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Од утре период на сончево време

Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура. Минималната температура во наредните денови ќе биде во опаѓање, најсвежо ќе биде во недела и понеделник наутро.