На сметките на 1.791 сточари легнаа сретства наменети за субвенции за овчо, кравјо и козјо млеко.
Владата на Република Македонија денес исплати субвенции за овчо, кравјо и козјо млеко во износ од 37,4 милиони денари. Средствата се исплатени на сметките на 1.791 сточари.
Инаку висината на мерката изнесува 3,5 денари по производен и продаден литар млеко со вклучена дополнителна поддршка од 15 отсто за подрачја со отежнати услови за производство