Овој молив кој е изработен во Минесота е 100 проценти без отровен и безоловен. Она што е најзачудувачки е што кога ќе престанете да пишувате со него, можете да добиете цвеќе!
Се што треба да направите е да го ставите крајот на овој молив во почва, да го полевате со вода и да чекате. Можете да одберете еден од трианесетте видови цвеќиња, меѓу кои и зеленчук, овошје, разни видови семки или пак чаеви: цреша, домати, зелена пиперка, ротквица, невен, сончоглед, мајчина душица, рузмарин, жалфија, коријандер, нане или па босилек.
-Што доколку вашиот молив наместо да го фрлите може да ви роди нешто убаво, вкусно и забавно? Ние си го поставивме ова прашање и Спрут моливот се роди. Навистина сме среќни што ова е првиот молив кој расте, стои на страницата „Спрутворлд“.
Дизајнерите на уникатниот Спрут молив биле номинирани за германската GreenTec награда и за Earth Day Network 2015.
Овој молив може да биде прекрасен подарок, лесно расте, па дури и во мали саксии.