Роверот „Кјуриосити“ конечно ја фотографираше Земјата од Марс, но нејзината „фотогеничност“ не е лесно да се процени.
НАСА овој четврток ја објави првата фотографија на Земјата што од Марс ја сними нејзиниот ровер.
„Кјуриосити“ Земјата ја снимил на 31 јануари со левата камера и тоа 80 минути откако на Марс падна ноќ.
„Човек со нормален вид кој стои на Марс лесно може да ги види Земјата и Месечината како две различни светла ’вечерни ѕвезди’“, пишуваат од НАСА.
Фотографијата не е обработено, освен што од неа е отстранет отсајтот од космичкото зрачење. Фотографија во полна резолуцијата може да ја погледнете тука.