Премиерниот натпревар од 23. коло од шпанската Примера дивизион, дуелот во Барселона помеѓу екипите на Еспањол и Гранада, заврши со минимален триумф на домаќинот.
Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 79 минута, беше дело на Хектор Морено.
Денеска ќе се одиграат уште четри натпревари, а убедливо најголемо внимание ќе привлече првенствената пресметка на “Сантијаго Бернабеу” помеѓу екипите на Реал (М) и Вилјареал.
Новајлијата во елитното друштво игра одлично во актуелната сезона, а популарната “жолта подморница” ќе се обиде да го искористи и неиграњето на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, кој почна да ја одлежува суспензијата од три натпревари.
Предводникот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти потврди дека по подолга пауза, шанса да настапи од првата минута ќе добие и најскапо купениот фудбалер на денешницата, велшкиот интернационалец, Герет Ббејл.
Обврска да слават на гостувањето во Алмерија имаат фудбалерите на Атлетико (М).
Денеска на програмата: Валенсија – Бетис, Р.Валјекано – Малага, Реал М. – Вилјареал, Алмерија – Атлетко (М).