Татко монструм во Франција доби затворска казна во траење од 30 години. Неговиот тригодишен син починал откако таткото го ставил во машина за перење алишта и ја вклучил, пренесува српски Курир, повикувајќи се на француските медиуми.
Кристоф Шампиноа (36) во ноември 2011-тата година го ставил синот Бастијан во машина за перење алишта и ја вклучил, наводно како казна за лошото однесување.
Мајката на момчето, 29-годишната Шарлен Кот пред инспекторите изјавила дека составувала сложувалка со ќерката, кога слушнала дека детето вреска од машината за перење, а Шампиноа сурфал на интернет. Мајката исто така е осудена на затворска казна во траење од 12 години за „помагање и поддржување убиство и злоупотреба“.
Кот изјавила дека кога нејзиниот, сега веќе поранешен, сопруг го извадила Бастијан од машината и забележал дека повеќе не дише рекол: „Барем веќе нема да ни пречи!“.
Шампиноа по ова викнал брза помош и рекол дека „има мал проблем и дека неговиот син паднал по скали“.
Тој подоцна рекол дека го бањал детето и дека најверојатно малиот Бастијан се удавил затоа што од носот му излегувала вода.
Тато го стави Бастијан во машината за перење алишта, затоа што беше немирен во градинка, им рекла на лекарите постарата сестра на момчето, која за време на убиството имала само пет години.
Сестрата се држела до таа верзија за цело време додека траела истрагата.
За време на истрагата полицајците дознале дека таткото не го сакал малиот Бастијан и дека врз него спроведувал остри казни за неговото се понервозно однесување во домот или во градинката, а многу често меѓу другото го заклучувал во гардароберот.