Исто како и обичните луѓе и познатите личности имаат стравови од одредени нешта и појави. Во продолжение проследете од што се плашат познатите холивудски ѕвезди.
Станува збор за разни видови фобии од кои познатите холивудски ѕвезди навистина имаат страв и кои што навистина ги првата нервозни.
Американската актерка Меган Фокс мрази хартија. Како што таа самата тврди, таа нема фобија од хартија туку се нервира како кога некој „шкрипи со ноктите по табла“. Меган вели дека кога чита некој сценарио, мора да користи пластични чаши за да ја задржи хартијата каде е напишан текстот.
Нејзиниот колега Џони Деп се плаши од кловнови.
Има нешто што не е во ред со нивното обоено лице и нивната лажна насмевка. Ми се чини дека од нив демне темница, потенцијално зло, рече своевремено овој холивудски актер.
Метју Меконахи има повеќе стравови. Познатиот актер се плаши од автоматски врати, па воопшто не им приоѓа. Исто така, тој несака тунели. Поточно тој нема страв од тунели, туку се плаши сам да влезе во тунел.
Били Боб Тронтон смртно се плаши од антички мебел. Овој актер воопшто не се чувствува пријатно кога е во некоја просторија каде има мебел што датира од периодот пред 1850-тата година.
Парадоксално, Роџер Мур, актерот што некогаш ја толкуваше улогата на бестрашниот Џејмс Бонд, неможе да земе пиштол во раце, а да не почне неконтролирано да трепери.
Прочуениот Алфред Хичкок се плашел од јајца и смртно ги мразел, а сосема иронично големиот Волт Дизни кој го нацрта Мики Маус се плашел од глувци.
Некои од големите светски ѕвезди во шоу бизнисот имале трема на бината, а меѓу нив се Мерлин Монро, Барбара Стрејсенд и сер Лоренс Оливије.
Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан се плаши од вода и тоа поради смртта на неговиот другар од детството кој се удавил.
Никол Кидман се плаши од пеперутки. Таа се обидела да го реши овој проблем така што влегла во кафез полн со пеперутки, но тоа не и помогнало.
Густав Ајфел, човекот што ја создал Ајфеловата кула, се плашел од височина.
Страв од летање имале голем број ѕвезди. Актерот Тони Кертис се обидел да го реши овој проблем со хипноза. Од летање со авион се плашеле и Елвис Присли, но и Џони Кеш.