
Земјите членки на ЕУ денес се договорија за уште шест месеци да ги продолжат своите санкции против Русија, иницирани поради украинската криза, соопшти Европскиот совет во Брисел.
Одлуката е донесена на денешниот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, составен од министрите за надворешни работи од змејите-членки на ЕУ.
Со овие санкции се опфатени 149 физички лица и 37 правни лица за кои е оценето дека се поврзани со проруските сили во Украина и припојувањето на Крим кон Русија.