Французинот од Фолксваген стана четврти на сите времиња со третата титула, зад Финците Канкунен и Макинен кокимаат по четири и неприкосновениот Себастијан Леб со девет.
Победата во Австралија му беше седма сезонава, а ја почна со проблеми во петокот наутро, кога беше осми. До крајот на денот стигна до третото место, а вчераутро го презеде водството со 0,3 секунди и оттогаш не дозволи да го загрози никој.
На второто место заврши неговиот тимски колега од Фолксваген, Јари-Мати Латвала, а трет беше Британецот од Ситроен, Крис Мик. До крајот на календарот во ВРЦ има уште три трки, релијата во Франција во Шпанија и во Велика Британија, кои ќе пресудат само за второто и третото место во генералниот пласман.
Ожие е недопирлив со 235 бода, Латвала е зад него со 134, трет е Андреас Микелсен, исто така од Фолксваген со 111.