
Во дворот од селската џамија во Жеровјане синоќа затекнат и приведен е 20-годишниот албански државјанин Е.Д, кој непријавено престојувал на подрачјето и имал забранет влез во нашата земја.
По приведувањето и задржувањето предаден е на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странции и реадмисија, информираат од СВР Тетово.
Вчеравечер околу 21.30 часот, пак, на регионалниот пат Маврово-Дебар, во месноста „Бошков мост“ во товарно возило „МАН“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 47-годишен гостиварец, затекнат е 40-годишниот албански државјанин С.У, кој не поседувал никакви документи и непријавено престојувал на подрачјето.
Истиот е предаден за натамошна постапка на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Дебар.