Уште еден Македонец се врати со оштетено возило од Грција

Уште еден Македонец се врати со оштетено возило од Грција. Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои биле на летување во Грција.

Уште еден Македонец се врати со оштетено возило од Грција!
Уште еден Македонец се врати со оштетено возило од Грција

Вчера на граничниот премин „Богородица“, од страна на лицето Ј.Ч. од Скопје пријавено е дека минатата недела на 6-ти септември во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото – марка „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки.

На задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите – „SLAV“. Случајот не бил пријавен во грчката полиција.

Дванаесетти случај на оштетено возило во Грција

Инаку, ова е дванаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција. Исто така регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.

 

Инаку, пред неколку дена беше пријавен уште еден случај на оштетено возило во Грција. Повеќе за ова на следниот линк.