„Вечер“: ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ – Колку пари треба за Заев и Шекеринска да се запрат

ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ – Колку пари треба за Заев и Шекеринска да се запрат. Ова е насловот на анализата објавена во весникот ВЕЧЕР, а во која се опфатени најновите сознанија за политичарите од редовите на СДСМ кои биле вклучени во аферата.

Владата на СДСМ, иако имаше препораки од Европската унија како и законска обврска, никогаш не дозволи влез на втор фиксен и трет мобилен оператор, со што му обезбеди на Телеком незаконски екстрапрофит, а според американските судски и истражни органи за таа цел меѓу себе поделиле најмалку 8 милиони евра мито. Ова стои во анализата што ја објави весникот ВЕЧЕР.

„Вечер“: ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ – Колку пари треба за Заев и Шекеринска да се запрат
„Вечер“: ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ – Колку пари треба за Заев и Шекеринска да се запрат

Полека станува јасно зошто СДСМ со незаконски стекнати и преработувани телефонски разговори, приватни разговори на луѓе од владата и нивни соговорници, сака да создаде афера и функционерите на СДСМ да заработат политички профит за себе и за партијата. Едно е да објавуваш, а и тоа незаконски, туѓи приватни телефонски разговори кои се необврзувачки и какви што има секој човек во својата комуникација, а и тие преработувани пред објавувањето, а друго е да се има против некого законска видеоснимка, па дури и да се води меѓународна истрага за корупција тешка 20 милиони долари, пишува весникот.

ВЕЧЕР пишува дека врвот на СДСМ, и поранешниот, а особено сегашниот предводен од Зоран Заев и Радмила Шекеринска, е со децении потонат во криминал и корупција, и оти тоа е една од главните причини зошто постојано губат на избори, освен немањето програма, кадри и историја во која СДСМ никогаш не покачиле пензии или плати, не изградиле ништо и достигнале рекордна невработеност од 37 проценти наспроти сегашните 25 проценти невработени.

И во 2002 година, кога победија последен пат на изборите, тоа се случи откако ја урнаа владата и ја подриваа одбраната на Македонија во 2001 година, а потоа победија со директна и нескриена странска интервенција. Крајот и резултатот на таа власт е познат. Зоран Заев, локален олигарх од Струмица, сите свои години во врвот на политиката ги има поминато со корупциски афери и судски постапки против него за корупција, пишува ВЕЧЕР.

Притоа весникот потсетува на аболицирањето на Зоран Заев од страна на Црвенковски и нагласува дека сега САД и ЕУ го спасуваат од судска постапка за случајот „поткуп“.

Еднаш во август 2008 тогашниот претседател Бранко Црвенковски го спаси Зоран Заев од затвор со аболиција за обвинение според кое Заев украл 8 милиони евра општински пари. Сега, во 2015 година, Брисел и амбасадорите на САД и Европската унија повторно го спасуваат Зоран Заев од судска постапка по обвинение за поткуп од 200.000 евра, корупција снимена и на камера, во легална судска постапка. Како што ја спасуваат и Радмила Шекеринска. Еднаш дипломатите ја спасуваа од суд за крајно сомнителниот корупциски договор со Мајкрософт вреден над 3 милиони долари, кој го работеа заедно со Јани Макрадули, пишува весникот.

Весникот накратко потсетува и на аферата со договорот со Мајкрософт, во која била вмешана и Шекеринска.

Во октомври 2006 година Министерството за внатрешни работи поднесе до јавното обвинителство извештај со предлог за постапување заради договор со Мајкрософт што во 2003 година го потпишала тогашната вицепремиерка Радмила Шекеринска, и со кој на Мајкрософт му се платени околу 3,5 милиони долари наместо 1,2 милиони долари колку што требало, и за што свое противење на одлуката на Шекеринска изразил и тогашниот гувернер Петар Гошев. Според истрагата на МВР Шекеринска го оштетила државниот буџет за 1,5 милиони евра, или над 2 милиони тогашни долари. Наместо да почне постапка, обвинителството под притисок на тогашниот претседател Црвенковски и дипломатите, ја запира постапката. По Заев, дипломатите ја спасија и Шекеринска, а парите кои беа проневерени, над 10 милиони евра, ги снема засекогаш. Но, навиката да се посегнува по државни пари, да затајува данок, и да врши корупција останаа и понатаму како кај Шекеринска и Заев, така и кај Бучковски у други од врвот на СДСМ. Доказ за тоа е аферата Телеком, се вели во анализата.

Понатаму, во текстот се нагласува дека за разлика до домашните случаи, аферата Телеком ја тераат американската финансиска полиција и американските судови, па тука амбасадорите на САД и Европската унија немаат влијание да го заташкаат и да го сокријат случајот, и да го спасуваат СДСМ.

Анализата во целост погледнете ја на следниот линк.