
Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево. Кај планинскиот превој Пресека-село Врбјани, сообраќајот денеска ќе биде во прекин од 14 до 16 часот, поради изведување градежни работи на патот (минирање).
Автомото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.
Сообраќајот се одвива по суви коловози
Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Скопската обиколница и денес затворена за сообраќај
Покрај прекинот на сообраќајот на патот Охрид–Кичево, скопската обиколница и денес затворена за сообраќај во периодот од 07.00 до 19.00 часот.
За потребите за снимање на филм се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај“ (Скопска обиколница) за период на следниве датуми: 17.09.; 18.09.; 21.09.; 22.09.; 23.09.; 24.09.; 25.09.; и 28.09.2015 година од 07:00 до 19:00 часот за секој од наведените датуми, информираат од АМСМ.