
Како и што се очекуваше, актуелниот шампион и лидер во германската Бундес лига, тимот на Баерн (М) не дозволи никакво изненадување во првенствениот натпревар од 20. коло и сосема заслужено со 2:0 славеше на гостувањето во Нирнберг.
Првиот погодок на натпреварот беше дело на хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ, а вториот на капитенот на баварскиот гигант Филип Лам.
Убедлова победа од 5:1 на гостувањето во Бремен забележаа фудбалерите на Борусија од Дортмунд.
Резултати: Ајнтрахт – Брауншвајг 3:0, Вердер – Борусија Д. 1:5, Нирнберг – Баерн (М) 0:2, Волфсбург – Мајнц 3:0, Фрајбург – Хофенхајм 1:1.