
Министерот за економија, Беким Незири денес најави дека процесот на унифицирање на излози на дуќаните во Старата скопска чаршија ќе започне од 1. октомври.
Унифицирање на излози на 60-тина дуќани годинава
За годинава е предвидено унифицирање на излози на 60-тина дуќани во еден дел од чаршијата.
– Министерството за економија има обезбедено околу 400 илјади евра и веќе од октомври активно ќе започне унифицирање на излози во Старата скопска чаршија. Апликациите сеуште не се поднесени затоа што проектот прво мора да се одобри од Конзерваторскиот центар и од Министерството за култура, рече министерот Незири.
Тој информира дека веќе е објавен повик за тоа како треба да изгледаат излозите што ќе биде субенционирано од државата.