![mzt lirija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/77BE053965387C4C9F7A3329B2B702C5.jpg?resize=696%2C466&ssl=1)
Екипите на МЗТ Сопје и Лирија ѓе ги одмерат силите во денешното финале (17.30 ч) во Купот на Македонија. Бранителот на титулата МЗТ Скопје до финалето стигма откако го совлада незгодниот Кожув со 77:70, додека Лирија во маратонски натпревар кој беше прекинат заради инциденти од навивачите славеше над Куманово со 81:73
За тимот од Сарај ова е прво финале во Купот на Македонија во кое ќе се обиде да го совлада тимот кој доминира во последните неколку години во македонската кошарка.