ВИДЕО: Падна од мотоцикл, а само мислеше како да ја спаси девојката!

Мотоциклот или девојката? По се изгледа ова момче воопшто не требало да си го поставува ова прашање, затоа што по падот само мислеше како да ја спаси девојката.

Секојдневно сме сведоци на брзо возење по услови што воопшто не се соодветни.

Овој Тајланѓанец возел брзо со мотоцикл, а временските услови биле ужасни. Паѓал силен дожд, а заедно со него била и неговата девојка.

Тој загубил контрола над мотоциклот, но сепак реагирал неверојатно.

Веднаш ја фатил девојката за рака, за да ја тргне од мотоциклот, но и од возилата што доаѓале од спротивната насока!