
Општина Крива Паланка доби седум нови улици кои се финансирани преку Проектот за подобрување на општинските услуги, кои денеска беа официјално пуштени во употреба.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој престојуваше во работна посета на Крива Паланка, рече дека овој преокт се реализира со средства од Светска банка преку Министерството за финансии.
„Општина Крива Паланка има добиено 50.000 денари од кои околу 40 илјади денари се наманети за подобрување на транспортната и патната инфраструктура, а 10 милиони се употребени за набавка на нови возила и опрема за јавното претпријатие ’Комуналец’“, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Градоначалникот на Општината Арсенчо Алексовски истакна дека во 2013 година реализирал 365 дела од комуналната, инфраструктрната сфера, урбанизмот, животната средина, локалниот економски развој, образованието, науката, спорот, културата…
Денеска беа пуштени во употреба крак еден и два од улицата „Осоговска“ во населабата Житен склад, а изградени се и пуштени во употреба улиците „Никола Тесла“, „Наско Тамбурков“, „Горан Стојановски“, „Климент Охридски“ и „Пиринска“.