Груевски изврши увид во изградбата на два мостови во Порој

Груевски изврши увид во изградбата на два мостови во Порој
Груевски изврши увид во изградбата на два мостови во Порој

Премиерот Никола Груевски доцна попладнево изврши увид на активностите за изградба на два дрвени моста во тетовското село Порој кои претрпеа значителни оштетувања при поплавите што на почетокот од август го зафатија овој регион, пренесе МИА.

Активностите за изградба на еден нов мост или целосна поправка на другиот ги изведува инженерскиот батаљон од Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ.

Мајорот Васил Митевски го информираше премиерот за целосното завршување на обновата на мостот во должина од 10,15 метри на кој има патека за возила, патека за пешаци и носивост од 4.000 килограми, што овозможува преминување на овој мост освен на возила и пешаци и на трактори со приколка.

gruevski-poroj-500

Според мајорот Митевски, тука биле искористени 20 до 30 отсто од стариот материјал на мостот, додека сето друго е нов материјал. Тој рече дека добиле голема помош од месното население и локалните власти.

Обновата на овој мост била завршена за 20-ина денови, додека другиот мост што се гради целосно нов ќе биде готов за 10-ина дена. Според Митевски, овој мост е нешто подолг и неговата должина е 11,50 метри со патека и за возила и за пешаци и носивост од 4.000 килограми.

Претседателот на месната заедница Бедри Беџети одговарајќи на прашања на премиерот Груевски зошто месното население сакало мостот да биде од дрво, посочи дека доколку мостот биде изграден од цврст материјал како бетон или железо може да предизвика поголеми штети во случаи на евентуални поплави бидејќи водата може да го однесе дрвото, но цврстиот материјал не и би се разлеала во неговата околина.

gruevski-poroj1-5000

Премиерот Груевски ги информираше жителите на Порој дека Дирекцијата за заштита и спасување ќе продолжи со активностите за расчистување на наносите од песок, кал и друго што се наоѓаат на левата и десната страна од региналниот пат Тетово – Јажинце што минува низ Порој и што поради поплавите една недела во текот на август беше во прекин.

Груевски изрази благоарност до припадниците на Армијата за успешно изведените работи на двата моста во Порој.

gruevski-poroj3-500

gruevski-poroj2-500