
Турската полиција ја штити својата граница од напливот мигранти во екот на бегалската криза, но едно мало девојче се обидело да ги „разоружа“ и најтврдокорните срца – девојченцето на полицајците им понудило цвеќе.
Илјадници бегалци, во најголем дел од Сирија се обиделе од Турција да влезат во Грција.
Турската полиција во кордони го блокирала преминот во Едрене, така што семејствата со мали деца биле принудени да спијат во блискиот камп.
Фотографијата со слаткото девојче коешто му нуди цвет на турскиот полицаец го обиколи светот и е една од најсподелуваните фотографии на социјалната мрежа Твитер.
Фото: Yasin Akgul