СДСМ ќе бара реорганизација на дипломатската служба

СДСМ ќе бара реорганизација на дипломатската служба
СДСМ ќе бара реорганизација на дипломатската служба

СДСМ ќе бара измени на Законот за надворешни работи, ревидирање на некои членови коишто ја прават нефункционална македонската дипломатија, со цел Македонија да добие дипломатија каква и е неопходна за да го поврати својот меѓународен углед и европските и НАТО аспирации, изјави денеска на прес-конференција членот на партиската Комисија за надворешни работи Виктор Габер.

Според него, последниве девет години дипломатијата е во постојан слободен пад, немаме јасна надворешна политика, само формално имаме стратешки цели, земјата е се повеќе изолирана, а амбасадори стануваат поединци без ниту еден ден дипломатско искуство.

Тој како еден од негативните примери за тоа како фунцкионира нашата дипломатска мрежа ја посочи амбасадорката во Хрватска Даниела Караѓозоска, која вели, направила серија гафови, а пред очите на јавноста ја злоупотребила својата функција за да застане во партиска одбрана на тогашната министерка Јанкулоска со што  прекршила повеќе членови на Виенската конвенција.

До денес, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, јавно не се огради од ваквите испади на амбасадорката, па дури не ја повика ни на консултации во Македонија. Само за потсетување, порано, доволен беше еден коментар за партиските состојби во СДСМ за Владата на Груевски да поведе постапка за отповикување на поранешниот амбасадор на Република Македонија во САД, рече Габер и најави дека оваа среда Комисијата за надворешна политика на СДСМ ќе разгледа неколку модели за реорганизација на дипломатската служба.