
Некои од светски најпознатите романи биле неколкупати одбиени од страна на повеќе издавачи.
Галебот Џонатан Ливингстон – Ричард Бах
Кога Бах прв пат се обидел да ја објави својата култна книга наидувал само на затворени врати. Никому оваа приказна не му се чинела интересна. Конечно е објавена во 1970. Година и тоа благодарејќи на извесна Еленор Фрид која успеала да ја убеди издавачката куќа Macmillan Publishers да го објави делото на Бах. Истата година книгата е продадена во неверојатни милион примероци.
Однесено со виорот – Маргарет Мичел
Тешко е да се поверува дека овој култен роман, воедно и добитник на Пулицерова награда, по која следеше и на сите познатата екранизација на книгата, ја одбиле дури 38 издавачи. И оваа книга ја објавила издавачката куќа Macmillan Publishers.
Дневникот на Ана Франк
Пред да биде конечно објавен, „Дневникот на Ана Франк“ е одбиен од 15 издавачи, поради погрешни претпоставки дека ваквиот вид книги нема да биде примамлив за читателската публика. Книгата е сепак објавена во 1947 година во Амстердам и ја заинтригирала јавноста. Првиот тираж од 3 илјади примероци набрзо е распродаден, а дневникот во 1950 година го доживеал своето шесто издание. „Дневникот на Ана Франк“ денес е една од најчитаните книги ширум светот.
Трагање за изгубеното време – Марсел Праст
Иако денес важи за еден од најдобрите роани напишани во 20. Век, „Трагање за изгубеното време“, никој не сакал да го преземе ризикот и да го објави ова капитално дело. Праст морал са да го финансира објавувањето на своето животно дело. Покрај сите напори ни било дозволено делото да биде објавено во целост, па било објавувано во делови, од 1913. до 1927. година., додека пак Праст починал во 1922. година.
Животинска фарма – Џорџ Орвел
Проблемот на кој Орвел наишол кога се обидел да го објави своето дело не била цензурата , како што би можело да се помисли, туку неразбирањето на содржината. Во неколку наврати му било речено дека во Америка во тој момент не постои пазар за басни. Некој од издавачите, меѓутоа, знаел да чита меѓу редови, па ова култно книжевно дело конечно било објавено во 1945. година, во издание на лондонската куќа Secker and Warburg.
Хари Потер и Каменот на мудроста – Џ.К. Роулинг
Првата книга на една од најплатените авторки на денешницата е одбиено дури 12 пати. Неколку издавачи дури и советувале да не ја напушта својата редовна работа, бидејќи мали се шансите дека некогаш во животот ќе живее од пишување. Интересно е дека нејзината книга конечно ја објавила под неутралниот псевдоним Џо Роулинг и тоа под наговор на менаџерот кој лукаво и предвидел дека ќе има поголеми шанси за успех доколку публиката не е запознаена со фактот дека авторот на романот е жена.
Големиот Гетсби – Скот Фицџералд
Откако го прочитал романот на Фицџералд, еден од издавачите забележал дека романот самиот по себе не е лош, доколку авторот се ослободи од главниот јунаК. Фицџералд имал многу потешкотии во објавувањето на својот најпознат роман, но конечно успеал да најде некој кој е заинтересиран. Во прашање била издавачката куќа Charles Scribner’s Sons, која роанот го објавила во 1925. година. „Големиот Гетсби“ наишол на слаб одзив, но и на лоши критики и Фицџералд поинал мислејќи дека романот е потполно промашување, како и неговата одлука да стане писател. За време на втората светска војна, меѓутоа, интересот за овој роман нагло пораснал и романот најбрзо бил воведен во силабусите на бројни американски училишта.
Денес овој роман се смета за класика на американската книжевност.
Лолита – Владимир Набоков
Набоков ја завршил „Лолита“ во 1953. Година, а на овој роман работел дури пет години. Свесен дека романот поради својата содржина би можел да предизвика огромен скандал, одлучил да го објави под псевдоним. Речиси сите издавачи одбиле да го објават. Набоков не се откажал и две години по упорната потрага, во 1955. Година, конечно го пронашол издавачот Olympia Press во Франција. Условот кој Набоков го добил од издвачот бил, доколку сака неговиот роман да ја види светлоста на денот, да се потпише со вистинското име. Покрај потешкотиите со издавањето, забраните и цензурите, „Лолита“ денес важи за еден од најпродаваните романи на светот.
Сагата Самрак – Стефани Мајер
„Сагата Самрак“ спаѓа во најпродаваните романи на новиот милениум, со неверојатни 116 милиони продадени копии во период од првите пет години по издавањето. Тоа, секако, не значи дека за делото на Мајер издавачите веднаш се согласиле. Таа била одбиена дури 14 пати. Конечно издавачката куќа Writers House го преземала ризикот да го објави делото. По издавањето на првата книга, одржана е аукција, се натпреварувале за правата на издавање на овој, денес светски познат роман.
Алхемичарот – Пауло Коељо
Романот кој го прослави Коељо ширум светот прв го има објавено една мала издавачка книга во Бразил. Почетниот тираж бил 800 примероци и тоа е најдобриот договор кој Коељо успеал да го направи за својот роман. Издавачот не сакал да повеќе да печати бидејќи сметал дека романот никому нема да му биде посебно интересен и дека слабо ќе се продава. Коељо, меѓутоа, не се откажал и по неколкуте одбивања конечно наишол на издавач кој верувал во романот. Како резултат на упорноста „Алхемичарот“ денес е еден од најпродаваните романи, а преведен е дури на 71 јазик.