Дали правилно го полните мобилниот телефон?

На прашањето дали правилно го полните мобилниот телефон, најверојатно ќе речете „Да“ и нема да признаете дека понекогаш апаратот го оставате да се полни цела ноќ иако сте служнале дека на тој начин го намалувате капацитетот и го скратувате векот на траење на батеријата.

За среќа имаме добри вести за вас!

Како што тврди Џеси Холингтон, уредник на ilounge.com и автор на iPod & iTunes Portable Genius, тоа воопшто не е точно. Еве што вели тој:

Полнењето на вашиот Ајфон преку ноќ воопшто нема да и наштети на батеријата. Полнењето на батеријата што е веќе на 90 отсто од капацитетот исто така нема да наштети. Едноставно не е можно да го преполните вашиот Ајфон или било кој друг модерен електронски уред. Секој уред што користи литиумски или литиум- полимерски батертии има вграден прекинувач, што ќе го прекине полнењето кога батеријата ќе достигне 100 отсто од капацитетот, пишува Џеси.

Џеси тврди дека слободно можете да го полните било кој уред кога и да ви затреба и дека животниот циклус од околу 500 полнења (потполни од нула до 100 отсто) секако ќе остави траг на батеријата, без разлика на тоа како ја полните.