Најпопуларната оперска претстава „Травијата„ во МОБ в среда

Најпопуларната и најизведувана оперска престава во Македонија, „Травијата“, в среда со почеток од 20 часот, ќе биде изведена во Македонската опера и балет.

Претставата ја режираше гостинката од Бугарија, Нина Најденова. Насловната улога, Виолета Валери, ќе ја толкува сопранот Благица Поп Томова, Алфред Жермон ќе го толкува тенорот Ѓорѓи Цуцковски, додека Жорж Жермон, ќе го интерпретира, баритонот Борис Трајанов.

Диригент е Бисера Чадловска.