![zaev-srecko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/zaev-srecko.jpg?resize=500%2C281&ssl=1)
Познатиот новинар Среќко Поповски кој подолг период ги прави своите видео-прилози „ Саботажа “ конечно после 160 епизоди на серијалот се одлучи да му посвети една епизода на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пишува Курир.
Во оваа најнова „ Саботажа “, Среќко Поповски го анализира говорот на Заев и неговото зборување за себе во трето лице еднина, и анализира што значи кога некој за себе зборува на овој начин.
Среќко Поповски во оваа „ Саботажа “ тврди дека токму говорот во трето лице еднина на Заев е доволен „ дури и за невнимателниот гледач да ја деконструира фасадата позади која се крие лице со сериозна количина на несигурност“.
Дали се работи за промена на политиката на Среќко Поповски и авторот на „Саботажа“ одлучил да биде малку поискрен во своите видео-прилози? Погледнете и заклучете сами.