Измамата на Фолксваген, што воедно е најголемиот корпоративен скандал во моментов, ја откри петчлениот тим на истражувачи од Универзитетот во Западна Вирџинија.
Во тимот што откри дека големиот и моќен Фолксваген ги измамил купувачите, имало еден професор, двајца штотуку дипломирани студенти, истражувач од факултетот и предводник на тимот, инженерот Даниел Кардер, директор на Универзитетскиот центар за алтернативни горива, мотори и емисија.

Кардер во интервјуто за Ројтерс се чуди на изненадувањето околу Фолксваген.
Ние го спроведовме истражувањето пред година и пол и ги објавивме резултатите. Јасно, кога ги видовме првичните резултати бевме шокирани, се сомневавме во себе, се прашувавме каде згрешивме. А потоа се покажа дека се е точно. И да Фолксваген знаеше за истражувањето и за резултатите што ги добивме, тие беа на презентацијата, додава тој.
Истражувањето што доведе до потврда за измамата на Фолксваген, што само за два дена чинело повеќе од 20 милијарди евра, а сеуште не е ниту почната расправата за плаќање на оштета.
И така било заклучено дека проблемотна софтверот е во тоа што можел да препознае само дека автомобилот се наоѓа на еко-тест па ја прилагодувал емисијата на штетните гасови за автомобилот да се покаже дека е многу помалку штетен за околината од тоа што е.

Конкретно, резултатите прикажувале дури 40 пати помало количество азотни оксиди од реалните. Азотниот оксид е токсично соединение, па дури се смета дека е канцерогено. Целта на Фолксваген била да се зголемат перформансите, а да се намали потрошувачката на гориво.
Германскиот гигант Фолксваген објави дека дури 11 милиони возила во целиот свет имаат вграден софтверски трик. Повеќе за ова на следниот линк.